среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: 2.6 милијарди евра го зголемија долгот за само три години

Мицкоски: 2.6 милијарди евра го зголемија долгот за само три години

2,6 милијарди евра е зголемен долгот би рекол за овие две – три години од 01.01.2018 година заклучно со вториот квартал оваа година значи 2021 година. А знаете колку е покачен БДП некаде околу милијарда и седумстотини, значи околу милијарда сме во минус, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Говорејќи за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да наметне нови правила, затоа што веројатно е дека општините кои ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат блокирани, Мицкоски вели:

„Јас тума имам поинаков пристап политички со делигитимирање на изборите, затоа велам не се сите исти, и го повикувам народот да гласа, процедурата е поинаква има фингерптринт. Откако ќе се направи делегитимирање ќе има промени на Илинденска 2“.

Според него кога ќе се создаде таква атмосфера на делегитимирање се ќе биде поинаку.

„Ние ќе работиме ќесно и честито, а тие не знаат што е тоа, затоа викам да излезат граѓаните и да ја делегитимираме, демолираме оваа власт и заедно со новата локална власт да направиме серизони чекори: амкедонија да ја кренеме економски“, рече Мицкоски.

Најнови вести