понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Три додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот

Три додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се ослободите од целулитот

Целулитот е еден од најголемите непријатели на жената, а речиси секоја го има. Меѓутоа, целулитот може да исчезне со редовно вежбање и користење на додатоци во исхраната.

Според извештај од 2015 година кој бил објавен во American Journal of Clinical Dermatology, 90% од жените развиваат целулит после пубертетот, а и многу мажи се соочуваат со овој проблем

Мултивитамини

“Ако сакате да ја намалите појавата на целулит, додавањето на мултивитамини во вашата редовна рутина е добро за почеток”, вели Шанон Хенри, диетичарка од клиника во Сан Франциско.

Витаминот Б6 ги намалува течностите во кожата, витаминот Е поттикнува циркулација во крвта, а Калциумот ги намалува мастите во телото.

Рибино масло

Рибиното масло не само што е добро за здравјето на срцето, може да биде корисно и кога станува збор за намалување на целулитот.

“Ова масло содржи Омега 3 масни киселини, кои помагаат во циркулацијата на крвта, го намалува високиот крвен притисок и го намалува холестеролот. Сите овие предности ја одржуваат вашата кожа да биде здрава. Колку се поздрави клеточните ѕидови на кожата помала е веројатноста за развој на целулит”, објаснува Хенри.

Колаген

Колаген не е само корисен за негата на кожата: експертите велат дека може да има големо влијание и за лицата со целулит.

“Првиот додаток кој би го препорачала за борба против целулит е колагенот, бидејќи му овозможува на кожата да биде еластична и свежа. Што се однесува на целулитот, оваа еластичност ги турка масните клетки назад, создавајќи мазна кожа”.