Жан Железарски, еден од осудените за случајот „Детонатор“ е уапсен во Косово, дознава „Фокус“ од доброупатени извори.
Информацијата ја потврдиле и од МВР, од каде што додаваат дека Железарски сега треба да биде екстрадиран од Косово.
За овој бегалец беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство.