сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Не плашете се ако слушнете истрели: Еве кога ќе има почесна артилериска стрелба во Скопје

Не плашете се ако слушнете истрели: Еве кога ќе има почесна артилериска стрелба во Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од Министерството за одбрана  и Генералштабот на АРСМ, ги известува граѓаните дека:

По повод 8 – Септември, ден на независноста на Република Македонија, ќе се изврши почесна артилериска стрелба:

На ден 07.09.2021 во 16:00 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од 1 (еден) плотун од 6 (шест) артилериски орудија (хаубица 105 мм).

На ден 07.09.2021 г. во време од 18:30 до 19:00 часот ќе се изврши почесна  артилериска стрелба со истрел од 10  (десет) плотуни од 6 (шест) артилериски орудија (хаубица 105 мм).

Артилериската стрелба ќе се изврши од касарната – Илинден во Скопје

Најнови вести