вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земала 12 илјади евра за патни трошоци: Која е пратеничката на СДСМ за која поскапа нафта не е проблем за сиромашните оти немаат автомобили

Земала 12 илјади евра за патни трошоци: Која е пратеничката на СДСМ за која поскапа нафта не е проблем за сиромашните оти немаат автомобили

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа да се намали акцизата за горивата, за да им се излезе во пресрет во граѓаните кои даваат премногу пари за тоа. Партијата побара измени во Законот за акцизи со кои се предвидува намалување на акцизата за 3 денари на дизелот и црвената нафта.

Меѓу оние кои учествуваа во дискусијата околу ова барање на опозицијата беше и пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која на седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседувале автомобили.

-Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил, кажа Стојчевска.

Инаку, Мира Стојчевска беше кандидатот на СДСМ во Делчево кој се бореше на предвремените парламентарни избори да влезе во парламентот и да ги брани иинтересите на делчевчани. Кандидатот за пратеник на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска во листатата на пратеници во третата изборна единица на истокот се најде на високото 6-то место. Таа е пратеничка која заклучно со месец март, за девет месеци добила 11.736 евра за патни трошоци.

Таа е родена на 19.7.1966 во Битола и има завршено Шумарски факултет.

Стојчевска е член на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, член во комисијата за еднакви можности на жените и мажите, член заменик-член во комисијата за локална самоуправа, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, и член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација.

Најнови вести