петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Поминаа 12 години од големата трагедија во Охрид, животот тогаш го загубија 15 лица

Поминаа 12 години од големата трагедија во Охрид, животот тогаш го загубија 15 лица

Денеска се навршуваат дванаесет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро.

Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи.