вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Од понеделник акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Од понеделник акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

На територијата на општина Аеродром од понеделник до среда ќе се реализира акција за собирање кабаст отпад.

Од општината ги повикуваат граѓаните во текот на викендов да го остават кабастиот отпад пред своите домови или до најблискиот контејнер.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

Одложувањето кабаст отпад на јавна површина надвор од најавени акции за собирање, е казниво со закон.

Акцијата ја реализира општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.