Ми преставува огромна чест, задоволство и мотив што токму јас сум избран да ја водам битката за градоначалник на општина Ранковце. Верувам дека заедно со заеднички сили ќе се сплотиме и ќе ја поразиме оваа власт, која што во Ранковце е веќе осум години. Изминаа осум години во неработење, осум години изгубени во нереализирање на проекти, осум години уцени, закани, изгубено достоинство и затворени врати на општината за обичните граѓани. Време е сето ова да го промениме, затоа како надпартиски кандидат ве поканувам на сеопшто сплотување, со една заедничка цел да ја поразиме оваа неспособна и неодговорна власт!
Владејачката структура, пред четири години понуди програма со слоган „За живот во Ранковце“, од таа програма почитувани сограѓани, реализацијата им е сведена на минимум.
Ветија:
· Изградба на откупен сточен центар.
· Изградба на канализациона мрежа во населените места.
· Изградба на парк во с. Псача и с. Одрено.
· Воведување на патролна амбуланта во с. Герман.
· Реконструкција на училиште во с.Герман.
· Реконструкција на водоводна мрежа с. Псача.
И многу други проекти кои се користеа како алатка за манипулација на мештаните за време на локалните избори во 2017-та година.
Тогаш, можеби излажавте, но сега тоа нема да ви помине.
Јас, како ИДЕН градоначалник на Ранковце, мојата предизборна програма ќе ја темелам исклучиво на проекти кои што се остварливи, проекти кои што се издржани и неопходни за нормално функционирање на моите сограѓани, Општина која што ќе биде сервис на граѓански услуги без разлика од која политичка опција доаѓате.
Во мојот маднат исклучиво ќе работам во интерес на граѓаните со цел да ги реализираме нивните потреби и барања, ќе се залагам за економско и ефикасно функционирање на Општината.
Интегрален текст од прес-конференцијата на Борче Спасовски кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ранковце