Денеска во 13 часот во Клубот на пратениците во Скопје ќе се одржи лидерска средба на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира лидерите на политичките партии и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, за последните детали од преговорите за името и за средбата во Софија со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас.
На прес-конференцијата на Самитот на ЕУ во Софија, Заев рече дека предлогот што го предал до грчката страна бил прифатлив и за премиерот на Грција, Ципрас.
Во меѓувреме, лидерите на грчките опозициски партии ПАСОК и Нова Демократија, предлогот Република Илинденска Македонија, кој телефонски му бил откриен на опозицискиот лидер Мицотакис, од страна на премиерот Ципрас, го отфрлија со оценка дека името во себе содржело иридентистизам.