Зоран Милески Кичеец имал одобрен прекин на издржувањето на затворската казна в рок од 30 дена, период кој нема да му се засметува во издржаната казна, соопштија денеска од Управата за извршување на санкции. Тој бил пуштен на 10 август, а надвор од затворот требало да остане до 9 септември. Инаку Кичеец ја издржува затворската казна во КПД од отворен вид во Струга. Побарал да биде пуштен за да оди на лекување, оти, како што навел му била влошена здравстевна состојба.
За тоа пратил и докази од специјалистичкиизвештаи од прегледи извршени на 06 и на 9 август во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.
„Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со ампули Presolol и ампули Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција.
Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“’ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, стои во известувањето.