Меѓу дури 22- те куќи што биле ограбени во иста вечер во Марбела, Шпанија, била и вилата на Новак Ѓоковиќ, вредна 6,4 милиони евра.
Според српскиот портал Меридијан, кражбите се случиле на 23 август, а од куќата на Новак биле украдени пари, накит и скапи часовници.
Таа ноќ биле ограбени куќите на некои фудбалери и кошаркари на Марбела, како и актуелната шпанска репрезентација. Полицијата брзо спровела истрага.
Ѓоковиќ тогаш бил во Њујорк на УС Опен.
Djokovic’s “lockdown” house in Marbella #NotTooBad pic.twitter.com/FFbvL1eDSV
— 9-7 in the 5th (@97InThe5th) May 28, 2020
По 10 години поминати во Монте Карло, тенисерот се преселил со своето семејство во вилата во Марбела, која претходно ја изнајмувал, а потоа одлучил да ја купи.
Вилата се наоѓа на имот од 3500 метри квадратни, има тениско игралиште, градина, базен, теретана, мало кино … Вилата има девет соби и осум бањи, а првите денови од епидемијата Ѓоковиќ во март минатата година година ги минуваше таму заедно со семејството.