Сите знаеме дека никогаш не треба да почнуваме караница кога сме лути. Но, честопати ни се случува да ја изгубиме контролата врз нашите емоции за време на некоја жестока дискусија и потоа не можеме да се сопреме, па како последица на тоа, обичниот разговор лесно може да се претвори во караница. Следниот пат кога ќе се налутите сетете се на следниве причини зошто не треба да започнувате караница.
Мислите дека сите се против вас
Секој човек кога ќе се налути губи контрола не само врз неговите емоции туку и врз неговите мисли како последица на процесите што се случуваат во мозокот. Психолозите тврдат дека кога сме лошо расположени, сите зборови и гестови на соговорникот ги сметаме за навреда. На крајот почнуваме уште повеќе да викаме на соговорникот, без никаква причина. Сето ова може да доведе до раскинување на љубовни врски, пријателства и професионални односи.
Почнувате да го лутите и соговорникот
Научниците исто така имаат докажано дека кога сте лути и луѓето околу вас почнуваат да се лутат. Според тоа, веројатноста дека нема да можете да го решите проблемот додека сте гневни е уште поголема.
Нема да можете да го сослушате соговорникот
Лутината ќе завладее со вашите емоции и нема да можете да размислувате разумно. Токму затоа, секогаш за време на караница вашето мислење за другата личност е многу полошо од мислењето што би го имале кога би биле смирени. Во ваква ситуација нема да можете да бидете објективни и нема да ги земете предвид најдобрите особини на соговорникот. Но, доколку за време на караница го гледате соговорникот како паметна и харизматична личност, нема да го сфатите проблемот толку сериозно и ќе можете да го решите многу побрзо и поефикасно.