понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: КСОМ излезе на протест – Како за 30 години работникот е доведен до овој степен?

ВИДЕО: КСОМ излезе на протест – Како за 30 години работникот е доведен до овој степен?

Со цел укажување на состојбата на работникот, денеска на 30-годишнината од независноста на државата протест одржаа Независниот синдикат на полицијата и Конфередерацијата на синдикални организации

Протестот започна со поворка автомобили која се движеше низ Скопје и заврши пред Владата. Организаторите истакнаа дека се одлучиле на протест како резултат на незадоволството кое владее кај вработените во МВР, во Министерството за правда и Шумската полиција, од Колективниот договор потпишан во мај со кој правата на овие вработени, како што велат тргнале по надолна линија.

-Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Праќаме порака како и од последниот протест од 8 мај кога бевме примени од советникот на премиерот, но за жал од таа средба нашите барања останаа нерешени. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, рече Марјан Ристески.

Од Конфедерацијата истакнаа дека доколку бидат игнорирани и не се преземе ништо по однос на нивните барања, ќе преземат и други мерки на делување. Една од нив е поставување на шаторите токму пред Владата.

Најнови вести