среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

30 ученици од Куманово позитивни на Ковид-19

30 ученици од Куманово позитивни на Ковид-19

Вкупно 30 ученици и девет наставници се заболени од КОВИД во Куманово од почетокот на учебната година до денеска, информираа надлежните од секторот за образование од општината. Тие оценија дека сегашната состојба е стабилна, бидејќи има 21 основно и средно училиште. Вирусот не се шири по училиштата, туку учениците и професорите имале позитивни членови во семејствата. Заболени има во различни училишта и во основните и средните.

– По одлука на Центарот за јавно здравје Куманово во изолација се неколку паралелки, па овие ученици следат онлајн настава. Училиштата имаат постапено согласно протоколите и алгоритмите при инфициран наставник или кој било вработен во училиштата. Засега е постапено согласно протоколите. Немаме дополнителни проблеми-изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Според податоците, во Куманово има 14.807 ученици, а вкупно вработени се 1.720 лица.

– Сите заедно, учениците, родителите и вработените, да ги почитуваме здравствените протоколи и да се однесуваме одговорно, бидејќи едно мало невнимание може да одведе во изолација цела паралелка-апелира Јовановиќ.

Според податоците на општата болница во Куманово, во моментов се хоспитализирани 78 пациенти. Во дневната болница од КОВИД се лекуваат над 50 лица од североистокот. Во амбулантата на инфективниот оддел вчера биле извршени околу 100-тина прегледи.