сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поранешната пратеничка на СДСМ: Инспекциски надзор не се спроведува два дена после случување на несреќа

Поранешната пратеничка на СДСМ: Инспекциски надзор не се спроведува два дена после случување на несреќа

По прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче за трагедијата која се случи вчера, откако во пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, а 12 се повредени, се огласи и професорката и поранешна пратеничка на СДСМ, Ана Павловска Данева:

„Инспекциски надзор:

1. не се нарачува од министер на прес конференција туку за негово иницирање има законски точно утврдена процедура;

2. не се спроведува пост фестум, два дена после случување на несреќа, кога фактичката состојба не може да се утврди со увид на лице место;

3. НЕ СМЕЕ да се спроведува додека трае предистражна постапка за истиот настан, односно во таква ситуација инспекторите може да постапуваат само по добиен налог од јавен обвинител, а не на повик на министер“, напиша Данева на Фејсбук.

Најнови вести