среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИНТЕРВЈУ НА КУРИР СО КОСТОВСКИ: Во изминатите четири години не е направено ништо во Бутел, ветуваме градинки, паркови и противпожарен пункт

ИНТЕРВЈУ НА КУРИР СО КОСТОВСКИ: Во изминатите четири години не е направено ништо во Бутел, ветуваме градинки, паркови и противпожарен пункт

Кандидатот за градоначалник на општината Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за КУРИР вели дека во однос на монтажната болница која се монтира во општината, а иста таква изгоре пред два дена во Тетово е несигурен објект за пациентите.

-Овој немил настан само им покажа на граѓаните на Бутел за каков вид на објект станува збор и дека станува збор за крајно небезбедни градби кои што со мала искра и пожар може да дојде до фатални последици. Тоа што Велимир Смилевски го планираше, веројатно ќе се извади на картата еве јас правам нешто колку толку како што беше претходно, но граѓаните веднаш и пред овој немил настан го осудија потегот на Смилевски за монтажни објекти во Бутел, затоа што тој самиот ветуваше модерна поликлиника, туку не амбуланта, туку поликлиника која ја ветуваше и пред избори, но на крај по четири години добивме монтажни контејнери, вели Косотвски.

Тој во интервјуто зборуваше и за еден од приоритетите во неговата изборна програма, а тоа е изградба на против пожарен пункт.

-Не мора тој да е грандиозен или како оној што е на градот Скопје, но сметам дека треба да има ваков пункт. Клучните проекти кои што јас ги ветувам се слични од 2017 година, бидејќи за жал ништо не е сменето од тогаш до денес. На Бутел му се потребни два големи паркови, едниот на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, а тој според мој сознанија би бил втор најголем во Скопје, а вториот би бил во Радишани, вели Костовски.

Тој додава дека на Бутел му е потребен и плоштад, проект за солиден олимписки центар, како и две градинки и уредување на реката Серава.

Целото интервју за КУРИР погледнете го во продолжение:

Најнови вести