среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Кајли Џенер во провокативно издание го покажа трудничкиот стомак

ФОТО: Кајли Џенер  во провокативно издание го покажа трудничкиот стомак

Откако најмладиот член на семејството Кардашијан-Џенер, Кајли и откри на јавноста дека очекува уште едно дете со својот избраник Тревис, сега таа се појави на роденденска забава и го покажа трудничкото стомаче во специфична облека.

Кајли за стајлинг избра необичен, проѕирен комбинезон од тантела, од познат американски дизајнер, во кој нејзиниот стомак дојде до израз.

Модните познавачи веднаш се сетија како нејзината сестра Ким носеше сличен аутифит во 2015 година додека беше бремена, а очигледно Кајли тоа го изведе многу добро.

„С*кси мајка“, „Изгледа божествено“, „Секогаш си оригинална“, „Преубава“, се само дел од коментарите на фановите, додека имаше и негативни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

„Зошто една бремена жена оди скоро гола?“, „Не и е соодветно да се облекува вака“, „Жена во друга состојба, а во ваков стајлинг“…

Најнови вести