вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власите во Македонија го одбележаа 23 Мај

Власите во Македонија го одбележаа 23 Мај

Влашката заедница во Македонија денеска во хотелот Александар Палас во Скопје го одбележа 23 Мај – Меѓународниот ден на Власите.

Македонија е единствената држава во која влашкиот народ е составен дел од Уставот и согласно Законот за празници – 23 Мај е признат како неработен ден за влашката заедница.

– Македонија е пример не само на Балканот, туку и во Европа, како можат да се негуваат, унапредуваат различностите и сметаме дека тоа е можеби најголемаиот аргумент зошто Македонија треба да биде дел од европската ѕзевдено небо. Тоа го правиме не само со зборови, со уставни и законски одредби, туку и во нашето секојдневно живеење. Влашката заендица има посебно место во Република Македонија бидејќи Вие и вашите претци дадоа значаен придонес – историски, културен, културен и политочки во изградбата на нашата заедничка држава, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа ја предводеше владината делегација, во чиј состав беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот за економија Кире Наумов, на свеченоста на која денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Власите. 

Најнови вести