Како што беше најавено вчера, жители на улицата Лука Геров од населбата Даме Груев денеска излегоа и ја блокираа улицата со почеток од 12:30 часот.
Како што велат тие, причината за овој протест е тоа што еден месец граѓаните од краците 1,3,5 и 7 се со раскопана улица и секојдневно се уништуваат возилата!
– Ивичњаците се поставени 15 сантиметри над нивото на улицата. ПРИЈАВЕНО Е СЕКАДЕ! Општина Ѓорче Петров, град Скопје и ЈП Улици и патишта! Од таму добиваме само лаги и навреди! Возилата зафаќаат, а некои што се прениски не ги ни внесуваат дома. Над 150 куќи со отсечен пристап.Досега наидовме на затворена врата од сите институции. Бараме итно решавање на овој голем проблем, во спротивно повторно ќе излеземе на протест, велат жителите од Даме Груев.