среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пациентката има тешко психичко заболување – реакција од Инфективна клиника по објавеното видео

Пациентката има тешко психичко заболување – реакција од Инфективна клиника по објавеното видео

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување.

Соопштението од Клиниката го пренесуваме во целост:

Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој  пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега. КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чуствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома. КИБФС апелира медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации, велат од клиниката.

Најнови вести