среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Познати се како „вечни ергени“: Мажите во овие хороскопски знаци ретко се женат

Познати се како „вечни ергени“: Мажите во овие хороскопски знаци ретко се женат

Мажите, барем кога станува збор за бракот, знаат да бидат комплицирани, а ако се родени во еден од овие хороскопски знаци, тешко дека некогаш ќе одлучат да застанат на лудиот камен.

Припадниците на овие три хороскопски знаци обично носат титула „вечен ерген“. Бракот не е нешто кон коешто се стремат и тие не може да замислат да го поминат животот со само една личност.

Близнаци

Мажите родени во знакот на Близнаци брзо им здосадува сѐ, па истото важи и за врските.

Тие се желни за авантура и откривање нови работи, тешко им е да се замислат во врска со една жена до крајот на животот, а само партнерот кој интелектуално ги стимулира може да ги смири. Интелигенцијата е најатрактивната особина за нив.

Стрелец

Стрелците се слободни луѓе кои сакаат да прават што сакаат и бракот како заедница во која компромисот е важен, не е за нив. Мажите во овој знак претпочитаат пријателство и слободна љубов. Семејниот живот не се наоѓа на нивната листа приоритети.

Тие сакаат да ги опсипуваат своите избраници со подароци, нежност и емоции, но бракот како следен чекор што се зема здраво за готово во врската не е за нив, пишува Index.hr.

Водолија

Мажите родени во овој знак ја сакаат својата слобода и независност. Љубовта и физичките врски се важни за Водолиите, но желбата за неограничен живот ги спречува да достигнат длабока интимност во љубовните врски.

Мажот во Водолија е шармантен и ги обожува припадничките на понежниот пол, така што обично има многу врски во животот, но најчесто ниту една од нив не ја крунисува со брак.