среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот му дозволил на Рашковски да го напушта домот за да оди на лекар

Судот му дозволил на Рашковски да го напушта домот за да оди на лекар

Здравствени проблеми. Тоа е причината поради која екс генсекот на Владата Драги Рашковски побарал и добил дозвола од Судот да го напушта домот во скопоската населба аеродром каде ја издржува мерката куќен притвор. МВР соопшти дека врши редовни контроли кај Рашковски. Обвинителството веќе половина година работи на истрагите околу финансиските злоупотреби на Рашковски. Тој е осомничен за набавки на софтеври кои мникој не му ги побарал ниту пак користел а инаку самиот ги патентирал

Поранешниот ген сек на Владата а сега осомничен за злупотреба на службената положба и финансиски малверзации има здравствени проблеми поради кои му е дозволено да го напушти домот за да оди на лекар, соопштија до Кривичниот суд откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Рашковски како се шета по улица во скопската населба Аеродром.

Од што болува Рашковски засега не е познато а од судот додаваат дека доколку тој ја злоупотреби дозволата ќе биде вратен во притвор, но не во куќен туку во оној во Шутка.

Основен суд Скопје 1: „Основниот кривичен суд Скопје, по добиено барање и доставена медицинска документација за закажани лекарски прегледи и специјалистички упат за лекарска интервенција, има издадено дозвола со конкретно определени денови и конкретно определен временски рок во текот на денот, кога на осомничениот Д.Р. му се дозволува извршување на прегледите и интервенцијата.“

Од МВР сооопштија дека се известени од судот за дадената дозовола на Рашковски да го напушти својот дом и додаваат дека тој е редовно контролиран и досега не ја прекршил изречената мерка куќен притвор.

МВР: „Лицето има дозвола од Основниот кривичен суд Скопје 1. Дозволата е за точно определени денови. Кај него се прават контроли на дневна основа и досега тој не ја прекршил мерката која му е изречена“.

Премиерот Заев пак од медиумите дознал дека неговиот поранешен близок соработник има нарушено здравје.

За Рашковски сеуште нема обвиненија а се водат истраги за набавки на софвтери кои самиот ги заштитил како сопствени иновации а потоа како генерален секретар на Владата склучил договор со фирмата Инвока за да ги набави. Едниот софтвер е за систем за сообраќајни прекршоци за потребите на МВР иако министерството тоа не го побарало, а вториот софтвер бил наменет за електронско гласање. Двете зделки се во висина од околу 200 илјади евра. Рашковски е осомничен и дека од хонорарец во неговиот кабинет добивал по 300 евра месечно.

Рашковски беше уапсен во април годинава кога и му беше одреден куќен притвор. Откако беше утврдено дека тој комуницира со останатите осомничен беше спроведен во Шутка. Во јуни годинава судот му ја прифати гаранцијата во висина од половина милион евра и тој се врати во својот дом во населбата Аеродром.

Најнови вести