Луѓето кои се занимаваат со бизнис имаат поинаков свветоглед од луѓе кои не се претприемачи, работат за плата или административна работа.
Бизнисмените се фокусираат главно на три точки: профит, време и цел.
Профит
Профитот е многу важен за луѓе што се занимаваат со бизнис бидејќи тоа е чистата заработка кои тие ја имаат од својата дејност.
Освен профитот, постојат и други средства кои се пренаменуваат за производство или опрема. Трошоците се вложуваат во стекнување на услови за работа, а профитот е она што останува за лична награда.
Колку е поголем профитот, толку е поголема и заработката и наградата на бизнисменот.
Време
Бизнис умовите добро знаат дека времето е всушност пари и тие не се расфрлаат залудно со трошење на време на неважни работи.
Во суштина бизнисмените работат 24 часа, 7 дена во неделата, дури и кога изгледа дека одмораат или се излезени.
Цел
Бизнисмените се целно-ориентирани и имаат долгорочни планови и стратегии. Луѓето што имаат свој бизнис гледаат во иднината и се трудат да го развиваат својот бизнис план.