Невиден сообраќаен хаос настана денеска во утринските часови на раскрсницата кај Дабл Три Хилтон во скопската населба Аеродром. Како што може да се види и од видеото, колони од возила на кој им нема крај има и на булеварот „АСНОМ“ како и на булеварот „Србија“.
Причината е повеќе од јасна, на само помалку од месец дена од локалните избори, локалните власти по 4 години седење во фотелја како со врзани раце, сега „ги засукаа ракавите“, се фатија за работа и раскопаа улици низ цело Скопје.
Сведоци за КУРИР велат дека утрово сообраќајот таму е закрчен, а истото се случувало секој ден на поголемите булевари во Скопје каде се чекало и до половина час за да се излезе од сообраќајниот хаос.
Возачите и граѓаните револтирани се жалат дека поради ваквата неорганизираност тие доцнат на своите работни места и не можат да си ги завршат секојдневните обврски.
Колони од возила во утринските часови на раскрсницата кај хотел Дабл Три Хилтон pic.twitter.com/QapbjfCZF0
— Курир (@KurirMK) September 22, 2021
М.А