сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Филипче треба да биде тргнат настрана за да не влијае на истрагата за пожарот и да не го повтори делото

Латас: Филипче треба да биде тргнат настрана за да не влијае на истрагата за пожарот и да не го повтори делото

Заради истрагата за пожарот во модуларната во Тетово, тој кој е најодговорен по хиерархија треба да се тргне настрана, а тоа е министерот Филипче, директорот на болницата и веројатно некој околу нив, за да не влијаат и да не се повтори делото, а тие се уште се тука, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас посочи дека има повеќе недостатоци како тоа дека не се знае точната бројка дали се 14 или 15, ги нема идентитетите на загинатите, како и дека МВР не го обезбеди навреме местото и се дозволи повеќе политичари да се прошетаат таму, со можност да се изнесат и докази, со што не може да има точна и вистинска истрага.

– Нема ни документација за болницата. Премиерот излегува и вика дека нема потреба од градежна дозвола и дека тоа е исто како столици и маси пред кафана. Тоа е господине премиер како овие 15 изгорени да ги третирате како изгорени столици. Болницата каква и да е функционира на ист начин, дали е ѕидана или мобилна, таа е со иста одговорност, мора да работи под исти принципи. Пожар се случува кој ја разнесе во неколку минути. Таа болница мора да издржи најмалку 2 часа, законот го кажува тоа, рече Латас.

Тој истакна дека има објект за кој не се знае дали поминал санитарна инспекција, дали има санитарна заштита, киоск да извадите треба да исполните услови, а не болница. Објектот е порачан со пурпена екстремно запалив материјал. Во изјавите на нивните роднини имате дека секоја ноќ е барано да роднини престојуваат со болните бидејќи кадарот не бил спремен. 11 години има директор кој е вд и е незаконски на функцијата, потенцираше Латас.

Според него треба да има не само политичка, туку и кривична одговорност по хиерархија, но со овој систем на обвинителство и судство нема да има одговорност, туку само ќе настрада некое дете кое можеби било дел од надзор или нешто слично на кое ќе му се вети дека ќе мислат на него и неговото семејство, за да го поднесе тоа полесно, а потоа ќе кренат од него раце како и за сите други.

Најнови вести