Цел месец не се најде инспектор да дојде да измери дивоградбата на Петре Шилегов! Цел месец инспектори, обвинителство, институции бегаат од одговорност за чист криминал, со сите докази, од А до Ш, што и како прави Петре Шилегов. МОЛК! Јорган планина!, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Затоа, пак, Љупчо Путерот нарачува случај против градоначалник од опозиција за предмет за кој што дури и Вилма Русковска дигнала раце! Чист политички прогон! Чиста злоупотреба на институции!
Да, се’ е јавно, Путерче!
Јавни се причините за 14-те пеплосани пациенти во болница;
Јавни се причините за полициски спонзорираната трговија и шверцот на дрога;
Јавни се причините за пасошите за мафијашите, фалсификување среде полициски станици, мафијашко извлекување на странски функционери !
Јавни се причините за провизиите за вакцините и најголемата смртност !
Јавни се причините за сите затвореници низ македонските улици!
Се’ е јасно! Оваа мафија, оваа криминална банда знае дека губи и сега се е во игра, сите злоупотреби на институциите.
Да, Путер, еднаш се изрезили со инспекторите пред гранап на кандидат за градоначалник од опозицијата. Ова ти е втор обид. Цел изборен процес го доведуваш во прашање.
Но запаметете, преку глава сте им веќе дури и на тие што наредувате и ги сметате за послушници! Се повеќе и повеќе сведоштва и документи пристигаат токму од нив!
Ене го, доаѓа денот! Ќе одговарате, сите до еден!