На 27 септември во 2017 година, на 91-годишна возраст почина најголемиот плејбој на светот, Хју Хефнер.
Роден е во Чикаго, како прва професионална работа е забележана онаа во култното списание „Есквајер“. Плејбој според неговите зборови ќе го започне во својата кујна каде пишувал текстови.
За многу кратко време ова списание ќе биде најпродавано на глобално ниво, а во 70-те ќе достигне тираж од седум милиони примероци.
Основачот на магазинот „Плејбој“ даде 75.000 долари за да биде закопан покрај Мерилин Монро на гробиштата Вествуд меморијал парк, каде што се закопани некои од најголемите филмски и телевизиски ѕвезди.
Мерилин се соблече за насловната страница на „Плејбој“ далечната 1953 година и тој број на магазинот е продаден во 50.000 примероци за рекордно кусо време.