Српската актерка и водителка Маријана Мичиќ неодамна за прв пат го покажа трудничкиот стомак, а сега покажа и како изгледа во седмиот месец од бременоста.
Водителката чека девојче со својот избраник Милош, а сега по прв пат сподели фотографија на која и се гледа стомакот.
Имено таа долго време ја криеше бременоста, додека овој пат се одлучи да ги насмее сите и да сподели фотографија од трудничкиот стомак во седмиот месец од бременоста.
„Сакајте ги децата, бидејќи тие се безгрешни како ангелите и живеат за нас да не усреќат, тие живеат да ни ги исчистат срцата како некој патоказ за нас. Тешко оној кој ќе навреди дете“, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.