среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Продолжува кралската премиера на Џејмс Бонд: Шерон Стоун го придружуваше Принцот Алберт во Монако

Продолжува кралската премиера на Џејмс Бонд: Шерон Стоун го придружуваше Принцот Алберт во Монако

Шерон Стоун заблеска на премиерата на новиот Џејмс Бонд филм „No Time To Die“ во Монако каде го придружуваше Принцот Алберт, спарувајќи холивудски со кралски гламур.

63-годишната ѕвезда зачекори на црвениот килим во светкав сребрен коктел фустан од „Dolce&Gabbana“, додека принцот носеше бел смокинг и црна лептир-машна.

Ѕвездата од филмот „Основен Инстинкт“ сподели фотографија на својот инстаграм профил на која е потпрена на балкон во Монако со поглед кон океанот, на која одлично се забележува фантастичниот фустан спарен со блескавата „клач“ чанта и накитот на „Fawaz Gruosi“.

Ова беше уште едно во низата на јавни појавувања на Принцот Алберт II од Монако без неговата сопруга Принцезата Шарлин. Иако премиерата беше одржана во чест на фондот за животна средина на принцезата, таа не присуствуваше на настанот заради синусна инфекција.

Шерон Стоун повторно го придружуваше Принцот Алберт од Монако откако пред само неколку дена беа забележани заедно на Гала настан во Монте Карло организиран од фондацијата која го носи неговото име, каде Шерон Стоун беше почесен гост и ѝ беше врачена наградата за животно дело.

Премиерата беше организирана од фондацијата „Princess Grace“ која подржува нови таленти во театарот, танцот и филмот, а на самиот настан ја промовираше и новата награда „The Roger Moore Award“ која има за цел да биде доделена на филмски режисер во подем во 2022 година.

На настанот присуствуваше и Кристијан Мур заедно со своето семејство, кој е син на поранешниот Бонд актер, Роџер Мур.