петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Котлар: Ќе тропнеме на секоја врата се со цел да ја презентирам мојата програма и визија за Центар

Котлар: Ќе тропнеме на секоја врата се со цел да ја презентирам мојата програма и визија за Центар

Кандидатот за градоначалник за општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар преку видео изјава денеска вели дека во следниот период планира да тропне на секоја врата се со цел да ја презентира програмата и визијата за Центар.

-Почитувани центарци.

Да се биде кандидат за градоначалник во Центар е голема одговрност но и голем предизвик.

Би сакала во Центар сите заедно да поставиме нови стандарди, да го вратиме зеленилото, да ја подобриме хигиената, да ја уредиме општината да овозможиме достоинствен живот, хуманизација на просторот и просперитет на општината.

Во следниот период јас и мојот тим ќе дојдеме до секој дом, ќе тропнеме на секоја врата, се со цел да ви ја презентирам мојата програма и визија за Центар, стои во нејзниот пост на Фејсбук.