понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЕЌАВАЊЕ: 18 години од смртта на големиот македонски поет Анте Поповски

СЕЌАВАЊЕ: 18 години од смртта на големиот македонски поет Анте Поповски

Денеска се одбележуваат 18 години од смртта на Анте Поповски – македонски академик, поет, есеист, препејувач и публицист.

Поповски почина на 1 октовмри 2003 година. Дипломирал медицина, но целиот плоден интелектуален ангажман го посветил на литературата и општествениот активизам.

Учествувал во основањето на првиот политички субјект во плурална независна Република Македонија – Движењето МААК.

Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ станал во 2001 година.

Негови најзначајни поетски дела се: „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Љубопис“, „Родопис“, „Сина песна“, „Ненасловена“, „Провиденија“, „Света песна“, „Две тишини“. Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Добитник бил на наградите „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“, на Меѓународната награда „Premio Europa“ и на многу други.

Роден бил на 3 јуни 1931 година во Лазарополе.

Најнови вести