ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, обвинува дека денес од страна на градоначалникот Пекевски, било злоупотребено службено возило на Општина Берово, за поставување банери и политички материјал низ градот.Од партијата потенцираат дека со ова се уште актуелниот градоначалник Пекевски ја злоупотребува службената должност и во работно време ангажира вработени во општината за сопствен политички маркетиг во предизборната кампања.
Денес се виде транспарентноста на градоначалникот Пекевски со ангажирање на општински службеници во работно време за поставување на банери на неколку локации во градот. Со ова Пекевски ја злоупотребува службената должност и функцијата градоначалник која сеуште ја има, ја користи за политички цели во предизборната кампања.Општинското возило денес беше во служба на политичко самопрестваување на градоначалникот Звонко Пекевски, што е недозволиво – додадоа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово.