петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Божиновски: ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува

Божиновски: ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува

ЌЕ Георгиески соочен со својот крај ветува сè и сешто, но тоа кај охриѓани веќе не поминува. Охриѓани немаат кратка меморија, па да го потсетиме Георгиески на неговите предизборни лаги и нула реализирани капитални проекти, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Доколку не сме во право, уште веднаш Георгиески да ни покаже каде е новиот здравствен дом.
До каде е изградбата на нов спортски комплекс?
Каде се четирите нови училишни спортски сали и новите спортски игралишта?
Уште колку пати ќе ветува нов лик на плоштадите „Крушевска Република“ и „Свети Климент Охридски“?
Што се случи со депонијата Буково, ја затвори ли според препораките на УНЕСКО?
До каде е изградбата на фабрика за отпад?
Ни трага, ни глас од гасификацијата на Охрид.
Нека ги извади розовите наочари и нека каже каде се новите катни гаражи што ги ветуваше!
Ветувањата на Власта веќе немаат ниту сила, ниту моќ.
Листата на лаги на ЌЕ Георгиески е преголема за може да собере сè на едно место!
Не сме исти! Гарантираме проекти, а делата зборуваат за тоа!
Охриѓани има да стават крај на владеењето на СДСМ и Георгиески.
Масовно со својот глас на 15 октомври ќе време е за промени, проекти, победи!
Заокружи 7 за подобар Охрид!, потенцира Божиновски.