сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Создаваме нова иднина за Кочани – ќе го организираме паркирањето во градот, ќе ги уредиме тротаоарите, а товарниот транспорт ќе го повлечеме од центарот на градот

Папазов: Создаваме нова иднина  за Кочани – ќе го организираме паркирањето во градот, ќе ги уредиме тротаоарите, а товарниот транспорт ќе го повлечеме од центарот на градот

Љупчо Папазов, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани на гостувањето на Студио 10 на телевизија 24 рече дека сите детални урбанистички планови во градот ги има донесено ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа беше основа за да можат да работат во последните четири години. Ние имавме долгорочни проекти и ставени се во фиока, а тие прават само козметика, рече Папазов.

Папазов информираше дека СДСМ во изминатите години не работеше ништо правеше само чистка во јавните претпријатија.

-За 4 години СДСМ само бркаше професионалци и тоа од секаде од јавните претпријатија, од општината. Дополнително сега излегуваат само со погрешни информации како за водоводот, така и за другите области. на пример ние ги сменивме сите азбестни цефки, вели Папазов.

Според Папазов најголем проблем е сообраќајниот метеж.

-Ќе направиме нов влез во градот, ќе изградиме нова индустриска улица која ќе го поврзува вчезот од јужната страна до индустрискиот дел, со тоа ќе го повлчечеме товарниот превоз и ќе го ослободиме централното градско подрачје. Ќе ги уредиме тротоарите, ќе го организираме паркирањето, рече Папазов.