четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Неколку скопски општини денес без струја

Неколку скопски општини денес без струја

Поради техничките зафати во електросистемот на Град Скопје денеска без електрична енергија ќе бидат неколку скопски општини.

Во периодот од12:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од улица „Востаничка“, дел од улица „Св. Наум Охридски“ и дел од улица „Баница“ во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија, во период од 11:00 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Лисиче, улица „Димитар Туриманџовски“,дел од ТЦ Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, околу маркет Елида во општина Аеродром. Во периодот од 07:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Миладиновци, Дељадровци, Текија, ТС Петља Аеродром, (улично осветлување на клучката Аеродром Петровец), во општина Илинден и општина Петровец. Исто така, од 08:30 до 11:30 часот, ќе нема струја кај корисниците од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, дел од ТЦ Скопјанка, Мезе Бар во општина Аеродром.

Без електрична енегија, во периодот од 07:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од улица „Иван Хаџиниколов“, куќните броеви од 75-87 околу НЛБ Тутунска Банка во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од село Долно Количани, село Пагаруша, село Вртекица, село Рамни Габер во општина Студеничани и дел ос село Матка во општина Сарај.

Без електрична енергија, во периодот од 09:45 до 14:45 часот, ќе бидат корисниците од улица „Скупи“ – потрошувачите кај Ратко Митровиќ. во општина Карпош, а од 08:00 до 12:00 часот корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај.