петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шамбевски: Со спинови и ПР трикови се поигруваат со судбината на луѓето

Шамбевски: Со спинови и ПР трикови се поигруваат со судбината на луѓето

Екс абмасадорот на Македонија во Кина и член на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски на својот Фејсбук профил напиша дека власта со спинови и ПР трикови се поигрува со трагично загинатите луѓе во тетовската болница.

-Денеска е тажен ден во Македонија. Жално е ова што се случи денес, жално е затоа што се направи класичен спин и ПР трикови со ужасната судбина на 14 кутри луѓе, а само со цел крајно кукавички да се спасат нечии кариери и веројатно бизнис интереси! Жално е ова што се случи денес и идната влада мора ова во детали да го истражи. Жално е ова денес што се случи во Македонија затоа што паралелно со оваа вест читаме дека во Романија сличен случај ќе се води како убиство… Но, барем, денеска ги видовме голи во целата нивна грдотија. Денес видовме дека нештата се онакви какви што се, и сфативме, се надевам, дека ние страдаме само затоа што замислувавме дека нештата и луѓето се поинакви дека се слични со нас обичните луѓе… но, не се, а денес го видовме тоа како што видовме и какви кукавици всушност тие се. Добро е и што на 17-ти имаме шанса и во Тетово и секаде да кажеме што точно чувствуваме денес и што чуствувавме вечерта на 8-ми септември, напиша на Фејсбук, Шамбевски.

Најнови вести