Помина само 50-тина дена откако фолк пејачката Сани Гроздановска на свет ја донесе својата втора ќеркичка која го носи името Ева.
Првата Нова година како проширено семејство, не ја дочекаа заедно во домашен амбинет, бидејќи мама Сани реши да работи и тоа турбо.
Нејзината работна агенда е полна со настапи низ скопските локали, некогаш дури и во две смени. Мама работи, а тато Мартин, бабите и дедовците се задолжени за Ева додека Сани го прави она што најдобро го знае.
А кога се враќа дома, љубовта уште посилна…
Иако на повеќето тазе породени мајки им треба повеќе време за враќање во нормала, за Сани тоа не е случај. За новогодипната ноќ таа се облече во куси тесни панталончиња кои ја истакнаа нејзината линија. Фотографијата каде стои пред елката ја објави на социјалните мрежи, а коментарите на следбениците беа дека се во чудо.
-„Бетмен“, „жена мачка“, „секси мама“, гласи само мал дел од напишаното за фотографијата од која тешко би погодил оној што не знае дека Сани е тазе мама – супер мама!