понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Што му подготвија на Пендаровски за вечера во Атина за првата историска посета?

Што му подготвија на Пендаровски за вечера во Атина за првата историска посета?

Претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре престојува во посета на Грција, со што стана првиот претседател на Македонија кој гостува во официјална посета на нашиот јужен сосед.

Според агендата, за вечерва беше закажана државна вечера.

Менито на државната вечера по повод официјалната посета на Претседателот Пендаровски на Република Грција беше составено од морски специјалитети комбинирани со традиционална грчка храна, јавува дописникот на ТВ 21 од Атина.

Претседателот Пендаровски денеска во Атина оствари средби до претседателката Катерина Сакеларополу, и премиерот Кирјос Мицотакис.

Пендаровски останува во Грција и утре, кога има планирано неколку средби и настани.

фото: tv21

Најнови вести