Популарната британска пејачка Адел објави дека се враќа на музичката сцена по цели 6 години пауза.
Пејачката го објави новиот сингл „Лесно за мене“ на својот Твитер профил, со што воодушеви бројни обожаватели низ целата планета.
Во црно-белата снимка, триесет и тригодишната sвезда вметнува касета во плеерот во автомобилот што го вози, додека хартиите на кои се напишани белешките излегуваат низ прозорецот. Целата оваа објава ја заинтригираше јавноста, која со нетрпение очекува нови песни од овој уметник.
View this post on Instagram
Мистеријата околу нејзиното враќање беше поттикната од рекламите што се појавија на билбордите во најголемите светски метрополи, на кои има само број 30, што многумина го поврзуваа со наводното име на новиот албум на пејачката.
Billboards presumed to be teasing Adele’s comeback have been displayed in various locations and landmarks around the world, including the Colosseum and the Louvre. pic.twitter.com/kYiSnVYTGd
— Pop Base (@PopBase) October 1, 2021