вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Владев: Безидејноста на светиниколскиот градоначалник кулминира кога презентираше слика од Мичиген како проект во Свети Николе

Владев: Безидејноста на светиниколскиот градоначалник кулминира кога презентираше слика од Мичиген како проект во Свети Николе

Изборната кампања е период на ветувања, некои ветуваат реални, а некои ветуваат нереални програми и проекти, деновиве сме сведоци на една чудна кампања од страна на градоначалникот во заминување Велковски. Во стартот на кампањата покажа дека нема свои идеи и копираше проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, потоа правеше безуспешен напор паушално да ги реализира за ден или два.Безидејноста, мрзеливоста и некреативноста на градоначалникот и на тие околу него што ја гледаме четири години кулминираше овие денови. Во паника да покаже голем проект, објави слика од парк во Холанд, Мичиген, Соединетите Американски Држави и го прикажа како проект кој ќе го прави во Свети Николе, истакна Дејан Владев, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Свети Николе.

Тој го праша Велковски, дали навистина го потценуваат светиниколскиот гласач?

-Како течеше кампањата, растеше паниката кај градоначалникот. Тој стана свесен дека ги преспа четирите години. За да го бара гласот на светиниколчани му стана јасно дури по четири години дека нешто треба и да се сработи. Иако нема асфалтирано еден метар од улиците во претходните четири години, а раскопа неколку улици низ градот и ги остави луѓето да газат во кал во овие есенски денови. Раскопаните улици нема да може да ги заврши, улиците ќе бидат потсетник за неспособноста и ароганцијата на градоначалникот Велковски. Последниве денови паниката кулминира во параноја, Велковски и неговите функционери следат кандидати за советници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои одат на терен, прибираат идеи и вршат тековни активности. Дали сакате да ги заплашите луѓето или да извршите притисок, или пак сакате да им го промените мислењето демонстрирајќи моќ и власт која ја губите, посочи Владев.

Тоа нема да ви помине господине Велковски.

Времето на неработа, безидејност, непотизам и партиски реваншизам заврши.

Народот го препознава чесното, искреното и вредното.

Затоа народот ќе ве казни на 17-ти октомври.

Народот ќе избере број седум, за промени, за проекти и за победи.

Ветуваме одговорно, чесно, транспарентно и континуирано работење.

Ветуваме остварување на нашата програма. Во неа се запишани потребите и барањата на нашите сограѓани, она што го заслужува секој граѓанин на Свети Николе.

Ќе се вложиме максимално секој проект да стане реалност.

Затоа почитувани сограѓани, ајде да се здружиме, да се сплотиме и да изградиме нова иднина. Иднина во која ќе има проекти, промени, работа, развој. Иднина за која вреди да се бориме и со која сите ние ќе се гордееме.

Ве повикувам сите на 17-ти октомври да изберете 7 за вашата иднина, за вашето семејство, за вашиот град. Седум за моето и наше Свети Николе.

За Свети Николе како што го посакуваме и заслужуваме. Заедно до победа.