вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Владев на средба со стопанствениците во Свети Николе: Им ја презентирав нашата програма и разменивме идеи за понатамошна соработка

Владев на средба со стопанствениците во Свети Николе: Им ја презентирав нашата програма и разменивме идеи за понатамошна соработка

Кандидатот за градоначалник на Свети Николе од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Владев преку статус на Фејсбук пишува дека денеска остварил средба со стопанствениците во нивниот град.

-Денес, го искористив врнежливото, бериќетно време да остварам средби со стопанствениците од нашата општина.

Им ја презентирав нашата програма и разменивме идеи за понатамошна соработка , после изборите.

Тие бараат промени и светла иднина.

Од срце им се заблагодарувам за срдечниот пречек и ветувам дека ќе имаме соработка во годините што престојат, стои во неговиот пост на Фејсбук.