недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Филиповски: Сликата на повторно миење на улиците со цистерни станува реалност во Аеродром

Филиповски: Сликата на повторно миење на улиците со цистерни станува реалност во Аеродром

„Сликата на повторно миење на улиците со цистерни станува реалност во Аеродром. Значително ќе ја подигнеме јавната хигиена. Предвидуваме набавка на нова механизација за миење на платоата, плоштадите, плочниците меѓу зградите и другите јавни површини“, истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ за градоначалник во Аеродром.

Филиповски истакна дека СДСМ во изминатите четири години во Аеродром направи шест нови паркови.

-Исто така, во новиот мандат ќе се направи нов парк на површина од 5.000 м2, на потегот од популарното „авионче“ до автобуската постојка на последна „5 – ка“, рече тој.