Кандидатката за градоначалник на општината Центар, Наташа Котлар преку социјалните мрежи најави два нови проекти во Центар.
Едниот е бесплатен оброк за секој ученик од прво до четврто одделение, а вториот проект е поставување на фотоволтаици на сите општински институции.
-Бесплатен оброк за секој ученик во Центар од 1-во до 4-то одделение
Учениците ќе добиваат по еден здрав оброк на ден со специјално мени подготвено од нутриционисти. Придобивките се: поздрави деца, еднакви услови за децата, помотивирани деца во образованието.
– Поставување на фотоволтаици на сите општински институции. Поставувањето на овие системи значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија на институциите во надлежност на општината и ќе придонесе за поздрава животна средина.