сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Бојкоски: Дали склучениот договор во вредност од 4 милиони денари со АД ЕСМ е дел од буџетот за кампањата на Христо Кондовски?

Бојкоски: Дали склучениот договор во вредност од 4 милиони денари со АД ЕСМ е дел од буџетот за кампањата на Христо Кондовски?

Менаџерот за живот на рати Христо Кондовски досега покажа многу лица, по едно за секоја прилика, ама сите за негова корист, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.

-Со едно од неговите многу лица, повеќе пати кажува дека никогаш не располагал со државни пари добиени од државни фирми. Затоа денес го прашуваме, дали е тоа вистината или преку договори за услуги склучени со државни компании стекнал вистинско богатство на маката на граѓаните? Денес го презентираме, Договорот склучен помеѓу една од фирмите на Христо Кондовски, потпишан лично од самиот Кондовски со АД Електрани на Македонија. Овој договор е потпишан и заверен на 26.10.2020 година , а неговата вкупна вредност е 4 милиони денари, или 166.666 денари месечен паушал, кои ги исплаќа договорниот орган АД Електрани на Македонија кон една од фирмите на Кондовски, вели Бојкоски.

Тој додава дека Христо Кондовски, треба да одговори, дали овој договор, склучен лично со неговиот ментор Васко Ковачевски, попознат меѓу народот како банкарот на Заев, е дел од буџетот народни пари со кои ја финансира неговата скапа кампања?

-Христо Кондовски, треба да одговори, дали договорот е сеуште на сила и дали има судир на интереси. Почитувани битолчани, вистинското лица на Христо Кондовски не може да се препокрие ниту со милијарда билборди и плакати низ градот. Менаџерот за живот на рати, не сака да работи, туку сака само да заработи!, вели Бојкоски.