петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Создаваме нова иднина – привлекување на инвеститори да вложуваат во спа центри со цел искористувањето на геотермалните води во Кочани

Папазов: Создаваме нова иднина – привлекување на инвеститори да вложуваат во спа центри со цел искористувањето на геотермалните води во Кочани

Богатството со геотермални води во општина Кочани претставува важен предуслов за изградба на спа комплекси, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За таа цел со урбанизација, со уредување на простори ќе создадеме можности за привлекување на инвеститори кои ќе вложуваат во изградбата на вакви објекти. На тој начин се дава силен поттик за развој на локалната економија и создавање на нови работни места. Водиме посебна грижа и за човечките потенцијали. Во согласност со современите стандарди преку искористување на достапните фондови во државата и странство го претвораме Кочани во град на старт ап претприемништво со формирање на бизнис инкубатор за развој на старт ап компании и пазарно ефектурирање на иновативните идеи во соработка со двата училишни центри во градот и други академски институции, вели Папазов.