Според многумина најубавата жена во светот на новинарството, Дилета Леота, повеќе не е во врска со еден од најубавите актери на светот, Џан Јаман.
Повикувајќи се на информации од колегите од ДАЗН, Билд објавува дека 30 годишната Дилета е повторно сама, за што говори нејзиниот прилично искрен начин на кој ја извести јавноста.
Таа во гостување во италијанската емисија Верисимо призна дека од јануари 2021 година била во врска со турскиот актер, но дека таа романса не траела долго.
View this post on Instagram
Како што открива крајот бил ставен откако дошло за неа едно изненадувачко прашање.
„Ме запроси после еден месец. Тоа беше премногу брзо за мене, во тој момент“- изјавила Дилета Леота.
View this post on Instagram
Популарниот актер не го добил одговорот кој го очекувал, но Италијанката не му замерува ништо:
„Со Џан тоа беше преубава приказна. Вистински сон, вистинска бајка, љубов на прв поглед. Ние сме двајца 30 годишниоци кои искрено се засакаа. Но… не ни беше лесно, затоа што иако се обидувавме, тешко беше нашите интимни делови од животот да го сочуваме од јавноста. А и работните обврски ни отежнуваа се“- изјави таа, која сепак не сакаше да открие повеќе детали за раскинувањето.