среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ги повикувам сите Македонци од Мала Преспа и сите граѓани во Македонија да ги поддржат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“

„Ги повикувам сите Македонци од Мала Преспа и сите граѓани во Македонија да ги поддржат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“

Македонскиот кандидат за пратеник во албанското Собрание од редовите на Социјалистичкото движење и истовремено претседател на огранокот во Пустец, Панди Јани ги повикува сите Македонци и воопшто сите граѓани во Македонија на претстојните локални избори да гласаат за кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Ги повикувам сите Македонци од Мала Преспа со право на глас во Република Македонија, како и сите граѓани во Македонија на локалните избори закажани на 17-ти октомври да ги поддржат кандидатите за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, како и независните кандидати кои што се поддржани од истата партија.

На Македонија и се неопходни промени како никогаш досега. Во изминатиов период сведоци бевме на безброј понижувања и омаловажувања од страна на актуелната власт, па тргнувајќи од таа причина на 17-ти октомври, сите, масовно да ја дадеме поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да се избориме за подобра иднина на сите луѓе.

Интегрален текст од Претседателот на Социјалистичкото движење на огранокот во Пустец, Панди Јани.

Најнови вести