Денес одбележуваме 80 години од почетокот на Народното востание во 1941 година. Во Центар имаме првично споменици кои што можат да го одбележат овој датум и на место и на време, рече на прес-конференција независниот кандидат за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.
-Во моментот се наоѓаме пред споменикот на Благоја Деспотовски – Шовељ, првоборец, загинат во октомври 1941 година. Токму во обид да изврши атентат на познатиот фашистички агент. Се самоубива за да не падне во рацете, меѓутоа тој е првоборец кој па го означува оној тренд на млади луѓе бидејќи загинува 22 годишна возраст, кои што потоа ќе влезат во организираното партизанско движење и кои што ќе ја изведат ослободителната борба до крај. Такви нешта во Центар имаме многу, тука е споменикот на Раде Јовчевски – Корчагин но исто така наспроти главниот влез на Клиничкиот центар имаме одблежано една зграда во која што делувал и Боро Петрушевски, истакна Котлар.
Во центар има многу места кои што ја означуваа и укажуваат на почетокот на организираната ослободителна партизанска борба, додаде таа.