понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Костовски : Создаваме нова иднина – Изградба на нова поликлиника, ново училиште, и две нови градинки

Костовски : Создаваме нова иднина – Изградба на нова поликлиника, ново училиште, и две нови градинки

Наш приоритет ќе е изградба на нова поликлиника, бидејќи на територија на Општина Бутел нема поликлиника, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски во гостување на телевизија Сонце.

Тој нагласи дека негови приоритети за развој на Општина Бутел се следниве :

Новата општинската зграда веднаш ќе ја понудиме како нова поликлиника , се додека не изградиме нова поликлиника кај старата амбуланта, а во делот на просторот за изградба на згради покрај булеварот ,, Христијан Тодоровски – Карпош,, ќе изградиме нови паркови, истакна Костовски.

Тој посочи дека покрај изградба на нова поликлиника, и уредувањето на парковите , трет клучен проект ќе биде уредувањето на кејот на реката Серава. Пред се ќе се исчисти коритото на реката а потоа во потегот на Бутел 1, Кучевишка Бара и Радишани ќе се направи патека за пешачење и џогирање, со осветлување, клупи, канделабри и корпи за отпадоци.

Предвидена е и индустриска зона на територијата пред гробиштата Бутел, за лесна индустрија, каде што главна цел со ова е привлекување на инвеститори и отворање нови работни места, рече Костовски.

Тој додаде дека планирано е и ново училиште во Визбегово, како и изградба на две нови градинки во Бутел и приклучување кон градската водоводна мрежа на селата Љубанци и Љуботен.