сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Милевски: Дали АД „М-НАВ“ кое е во државна сопственост е дел од буџетот народни пари за кампањата на Христо Кондовски ?

Милевски: Дали АД „М-НАВ“ кое е во државна сопственост е дел од буџетот народни пари за кампањата  на Христо Кондовски ?

Менаџерот за живот на рати Христо Кондовски постојано кажува дека никогаш не располагал со државни пари добиени од државни тендери, така изјавува на дебатни емисии, очигледно дрско лажејќи ги граѓаните! Затоа, денес повторно го прашуваме, дали е тоа вистина или преку договори за услуги склучени со државни компании стекнал вистинско богатство на маката на граѓаните, праша на денешната прес конференција Пеце Милевски носител на листата за советници за општина Битола.

– Денес го презентираме, Договорот склучен помеѓу една од фирмите на Христо Кондовски, потпишан лично од самиот Кондовски со АД во државна сопственост за вршење дејност давање услуги во воздухопловната навигација “М-НАВ”. Овој договор е потпишан и заверен на 22.02.2021 година, а неговата вкупна вредност е 1 милион денари, кои ги исплаќа договорниот орган АД во државна сопственост за вршење дејност давање услуги во воздухопловната навигација “М-НАВ”. Христо Кондовски, треба да одговори, дали овој договор, склучен со едно од најбогатите државни претпријатија, заедно со договорот склучен со АД ЕЛЕМ и тендерите добиени на конто на другите фирми од кои Кондовски е дел,се буџетот народни пари со кои ја финансира неговата скапа кампања? Христо Кондовски, треба да одговори, дали овие договори се уште на сила и дали се активни ? Време е Христо Кондовски да одговори дали неговата единствена амбиција е узурпација на Општина Битола и од неа да направи град-фирма, рече Милевски.

Тој посочи дека менаџерот за живот на рати, не сака да работи, туку сака само да заработи!